Синер го „скокна“ Алкараз, Димитров се врати во Топ 10, Ѓоковиќ го подобри сопствениот рекорд

12132672.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јаник Синер со триумфот на Мастерсот во Мајами стигна до најдобриот пласман на АТП листата, а Новак Ѓоковиќ ја започна 419. недела на првото место.


Италијанецот го прескокна големиот ривал Шпанецот Карлос Алкараз. Синер е првиот Италијанец кој стигна до второто место на АТП листата.

Исто така, со 13 титули на АТП турнирите, тој е најуспешниот италијански тенисер во опен ерата.

Синер има 1.015 бодови помалку од Новак Ѓоковиќ, кој сигурно ќе биде број 1 и во наредните две недели. Србинот кој ја започна 419. недела на првото место, за седум дена ќе наполни 36 години и 322 дена, со што и официјално ќе стане највозрасниот број еден.

Во Топ 10, благодарение на изворедните настапи во Индијан Велс и Мајами се врати Григор Димитров. Бугариот се наоѓа на деветтата позиција. Димитров се врати во елитната десетка по 260 недели, што е трета најдолга серија меѓу два престоја во Топ 10 во историјата на тенисот.

Така ќе собори уште еден рекорд кој беше во сопственост на Роџер Федерер.

На третото место е Карлос Алкараз со 8.645 бодови, додека Даниил Медведев е четврти со 7.165. Од петтото до десеттото место се: Александар Зверев, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Каспер Руд, Григор Димитров и Хуберт Хуркач.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK