Силекс го победи Вардар, Струга во 99.минута ја скрши Воска спорт

Силекс-го-победи-Вардар-Струга-во-99минута-ја-скрши-Воска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ facebook.com/FKVardarSkopje

Силекс го победи Вардар, а актуелниот шампион Струга ТЛ со гол во 99. минута го доби дуелот со локалниот ривал Воска спорт, во заостанатите натпревари од 15.коло.

Силекс во Кратово, со пресврт го победи Вардар 3:2 (2:1). Црвено-црните први стигнаа до предност преку Мишковски во 14.минута.

Израмни Калановски шет минути подоцна, а истиот играч во 27.минута од вториот обид го совлада Гачевски, откако голманот на Вардар го одбрани пеналот.

Серафимовски  постигна преубав гол во 77.минута и ја потврди победата на Силекс, која само ја ублажи Јусуфи со голот во претпоследната минута.

Вардар остана последен на табелата со само 14 бода, три помалку од Воска спорт. Силекс е на четвртото место со 27. Струга, додека Струга ТЛ има само бод помалку од лидерот Шкупи.

Табела:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK