Сигурдсон утре ќе биде назначен за селектор на Хрватска

Сигурдсон-утре-ќе-биде-назначен-за-селектор-на-Хрватска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватската ракометна репрезентација доби нов селектор, тоа е Исланѓанецот Дагур Сигурдсон. Официјалната промоција на Сигурдсон е закажана за утре.



Сигурдсон на стартот го очекува тешка задача да ги однесе Хрватите на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз.

Хрватска ќе го игра квалификацискиот турнир во Хановер, а ривали ќе и бидат Германија, Австрија и Алжир. Две екипи ќе обезбедат место на ОИ.

Во 2016 година Сигурдсон беше најдобар тренер во светот, а ги предводеше Германија и Австрија кога е во прашање репрезентативниот ракомет.

Последните неколку години тој седеше на клупата на Јапонија, која веќе ја однесе на ОИ во Париз, пткако ја освои титулата вицешампион на Азија.

Да потсетиме, Хрватска по Европското првенство го отпушти Горан Перковац, а Сигурдсон ќе биде првиот странец на клупата на националниот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK