– Првиот светски рекет Ига Швјонтек од Полска го критикуваше раководството на женската тениска организација (ВТА) по турнирот во Монтреал.
– Не можеме да направиме ништо за временските услови, но треба да се фокусираме на она што е добро за играчите. Турнејата е веќе многу зафатена поради патувања, немаме два слободни дена, па во иднина би било убаво да се фокусираме на играчите. Мислам дека ова се навистина непрофесионални ситуации. Не можам навистина да кажам што погреши турнирот, но се чини дека главните тука се ВТА. Се надевам дека нешто ќе се промени наскоро, рече Швјонтек на прес-конференција пред да зборува за турнирот во Синсинати.
На турнирот во Монтреал се случи по одложување на натпревари поради лошото време, тенисерките да играат два меча во ист ден.
Победничка на турнирот беше Џесика Пегула од САД.