„Шумарите“ сериозно заинтересирани за Рејндерс


depositphotos_856778902_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандскиот репрезентативец Тижани Рејндерс, по само една сезона, би можел да го напушти Манчестер Сити ова лето. Рејндерс пристигна од Милан минатата сезона за 55 милиони евра, а „Дејли мејл“ пишува дека би можел да заврши во Нотингем Форест ова лето.


„Шумарите“, минатата сезона ја завршија на 16-то место во Премиер лигата. Нотингем Форест, сака дел од парите што ги доби од Сити за Елиот Андерсон да ги инвестира во Холанѓанецот. За потсетување, пред еден месец, Сити на Форест им плати 135 милиони евра, играчот од средниот ред Елиот Андерсон.

Холанѓанецот беше ѕвезда на Милан, а Пеп Гвардиола го донесе по заминувањето на Кевин де Брујне. Но, Рејдерс не импресионираше во тимот на Сити. Тој настапи на 50 натпревари, постигна седум гола и имаше осум асистенции.

За споредба, сезоната пред тоа во Милано постигна 15 гола во сите натпреварувања. Рејндерс има 28 години и играше за Холандија на последното Светско првенство. Тој има одиграно 35 натпревари и со седум ппостигнати гола за својата земја.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK