Пред нешто повеќе од еден век, репрезентациите на Франција и Шпанија 1922 година за првпат одиграа натпревар меѓу себе.
До денес имаа вкупно 36 дуели во кои Шпанија е поуспешна со 16 победи, Французите имаат три победи помалку, а седум меча завршија нерешено.
Ова ќе биде шеста средба меѓу Шпанија и Франција на еден голем турнир.
Франција победи три од првите четири 2-0 во финалето на ЕП 1984, 2-1 во четвртфиналето на ЕП 2000, 3-1 во осминафиналето на Светското првенство 2006 година, додека Шпанија беше подобра во последен натпревар 2-0 во четврт-финалето на ЕП 2012. Еден натпревар заврши нерешено 1:1 во групната фаза на Евро 1996 година
Од вкупниот број меѓусебни натпревари, дури 26 се одиграа со пријателскиот префикс.
Последниот натпревар овие тимови го одиграа во финалето на Лигата на нации на 10 октомври 2021 година во Милано, при што Франција победи со головите на Карим Бензема и Килијан Мбапе, додека Микел Ојарзабал постигна гол за Шпанија.