Шпанецот станува третиот фудбалер кој играл за Реал, Барселона и Атлетико

markos-alonso.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Откако во понеделникот беше објавено дека левиот бек Маркос Алонсо ќе ја напушти Барселона како слободен играч ова лето, сега се чини дека е познато каде ќе оди.

Каталонски Спорт пишува дека нов клуб на Алонсо ќе биде Атлетико Мадрид. Со овој трансфер Алонсо би станал третиот играч во историјата кој играл за сите три клуба од шпанската голема тројка, која ја сочинуваат Реал, Барселона и Атлетико. Заедно со него тоа го постигнаа само Мигел Солер и Бернд Шустер.

Алонсо порасна во Реал Мадрид и одигра еден натпревар за првиот тим, по што играше за Болтон, Сандерленд, Фиорентина и Челзи. Тој пред две години како слободен играч пристигна во Барселона од Челзи.

Оваа сезона тој е во втор план и на теренот мина само 299 минути. Вкупно, 33-годишниот дефанзивец одигра 44 натпревари за Барселона, последниот во октомври минатата година. Пред него своја шанса добиваат Алехандро Балде и Жоао Кансело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK