Шпанецот Грималдо потпиша за Баер Леверкузен

grimaldo_235423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Баер Леверкузен ги засили своите редови со шпанскиот дефанзивец Алехандро Грималдо (27) и со досегашниот фудбалер на лисабонска Бенфика потпиша договор на четири години, соопшти денеска германскиот прволигаш.

Грималдо ќе дојде во Баер без обесштетување, бидејќи на 30 јуни му истекуваат обврските кон сегашниот клуб во кој со 15 асистенции е водечки играч на Бенфика во оваа статистичка категорија сезонава.


„Тој е брз и вешт бек. Претставува закана за противничкиот гол и има многу искуство и квалитет. Среќни сме што успеавме да го увериме Алехандро во нашиот долгорочен и амбициозен проект“, изјави спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфс.

Баер Леверкузен во моментов е седмопласиран во Бундеслигата, но има шанси да обезбеди место во Лигата на шампиони преку Лига Европа, во рамки на која в четврток на домашен терен го игра реванш полуфиналниот натпревар против Рома со негатива од 0-1 од првиот натпревар во Рим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK