Познатиот дански голман Каспер Шмајхел ја напушти Ница и замина во Андерлехт.
Тој минатото лето неочекувано го напушти Лестер, како капитен на тимот и што е уште почудно, како следна дестинација ја избра Ница.
Данецот стана слободен играч откако спогодбено го раскина договорот со Ница и потоа веднаш потпиша договор со Андерлехт.
Шмајхел потпиша едногодишен договор со можност да го продолжи на уште една сезона.
Да потсетиме, тој е легенда на Лестер со кој ја освои шампионска титула во Премиер лигата, а подоцна и ФА Купот.
Тој има 36 години и се уште игра за репрезентацијата на својата земја.