Шлаканица за Пикси и Србија, Павловиќ ја избра Германија

98830531-120874.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Александар Павловиќ во иднина дефинитивно ќе го носи дресот на германската репрезентација. Големиот талент на Баерн Минхен, кој има и српски пасош, ќе добие покана од селекторот Јулијан Нагелсман за пријателските натпревари во март, пренесуваат германските медиуми.


Иако првично требаше да игра за германската репрезентација до 21 година, Нагелсман го повика Павловиќ на местото на соиграчот од Баерн, Леон Горецки.

Со ова практично пропаднаа надежите на Фудбалскиот сојуз на Србија, чија делегација предводена од селекторот Драган Стојковиќ минатиот викенд во Минхен се обиде да го убеди 19-годишниот фудбалер да игра за земјата на неговите родители.

Пикси разговарал со родителите на Павловиќ, но се чини дека ниту тоа не помогна. Павловиќ реши да игра за земјата во која е роден и во која гради фудбалско име.

Оваа сезона Павловиќ одигра 12 натпревари за Баерн во Бундеслигата и два во Лигата на шампионите. Под водство на Томас Тухел, тој се етаблира во стандарден член на првиот тим.

Палвовиќ би требало да дебитира за Германија на 23 март, на гостувањето во Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK