Барселона на лето планира промени во ростерот, а медиумите кои го следат каталонскиот клуб веќе објавија список со фудбалери кои речиси сигурно нема да бидат во Барселона наредната сезона.
Барселона активно бара и нов тренер откако Чави објави дека заминува по завршувањето на сезоната. Сепак, сигурно е дека Чави нема да биде единствениот кој на лето ќе ги спакува куферите.
На Барселона и требаат звучни засилувања и тоа сите го знаат, но поради финансиски проблеми челниците на клубот ќе мора прво да продадат дел од играчите за да ги добијат парите кои подоцна ќе им овозможат да донесат засилувања.
Каталонски „Спорт“ пишува дека Џоан Лапорта и спортскиот директор Деко веќе извесно време разговараат за летниот преоден рок, а првиот чекор ќе биде подажба на одредени фудбалери на кои повеќе нема да се смета.
Во јавноста се појави список од шестмина фудбалери кои би можеле да ја напуштат Барселона на лето.
Клубот нема да смета на капитенот Серхи Роберто. Тој минатото лето требаше да го напушти клубот, но тогаш Чави инсиситираше тој да остане.
Маркос Алонсо и Ориол Ромелу покажаа дека не се засилувања за Барселона. Од овие тројца Барселона не може да се надева дека ќе заработи некоја сериозна сума.
Пари во клупската каса треба да се слеат од продажбите на Рафиња, Жил Кунде и Андреас Кристенсен.
Деко сака да ги засили одбраната и средниот ред и тоа ќе биде приоритет на лето.
Позицијата на дефанзивен играч за врска и лев бек е особено проблематична. Исто така, целта е Жоао Кансело и Жоао Феликс да останат, односно клубот да ги откупи нивните договори од Манчестер сити, односно Атлетико Мадрид.