Шејн Ларкин повеќе не е Турчин

Шејн-Ларкин-повеќе-не-е-Турчин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анадолу Ефес објави дека Кошаркарскиот сојуз на Турција го повлекла статусот на домашен играч што му го дал на нивниот играч Шејн Ларкин.


Ларкин ја претставуваше репрезентацијата на Турција од 2021 година, но неговиот статус ќе се промени пред новата сезона.

Раздорот меѓу двете страни започна по поразот од Турција на претквалификацискиот турнир за Олимписките игри, по што ги загубија сите шанси да играат во Париз следната година.

Според Кошаркарскиот сојуз на Турција винивни за лошито настап на турнирот организран во Истанбул, биле натурализираните Американци, Скоти Вилбекин и Шејн Ларкин.

Двајцата од различни причини летово се повлекоа од тренинг кампот на репрезентацијата и поради тоа беа казнети со суспензија од пет натпревари во турскиот шампионат и парична казна од 3.140 евра.

На денот кога турската федерација ги објави овие казни, на социјалните мрежи се огласи и Ларкин, кој истакна дека не одговорил на повикот на селекторот поради повреда.

„Подолго време молчев за ситуацијата во репрезентацијата летово од почит кон играчите кои напорно работеа и се подготвија за квалификациите, но чувствувам дека морам сега да кажам што се случи. Покажаа целосно непочитување.

Точно е дека бев повикан во репрезентацијата, ме повика на кампот иако знаеја дека телото ми е во лоша форма и дека ќе биде ризично да играм. Бев во САД и работев на моето опоравување од сезоната со повреди. Репрезентацијата ме повика да дојдам да ми го скенира коленото за да добие подобра дијагноза“, изјави тогаш Ларкин.

Според турските медиуми судбината на Ларкин ќе ја доживее и Вилбекин и нему ќе му биде одземен пасошот.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK