Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека Луис Хамилтон разговарал со неговиот тим и Ферари пред да го продолжи договорот со Мерцедес.
Британските медиуми во мај објавија дека Хамилтон е во преговори со Ферари. Сепак, Хамилтон и шефот на Ферари, Фредерик Васер, ја демантираа оваа информација.
Претставниците на британскиот возач наводно стапиле во контакт со челниците на Ред Бул, бидејќи Хамилтон наводно сакал да вози во истиот тим со актуелниот шампион во Ф1, Макс Ферстапен.
Британските медиуми потсетуваат дека Хамилтон претходно неколку пати изјави дека Мерцедес е единствениот тим во кој сака да ја продолжи кариерата.
„Имавме неколку разговори во текот на годините за доаѓањето на Луис. Бевме контактирани во неколку наврати. Неодамна, на почетокот на годината, имаше прашања дали ќе има интерес. Тој исто така се сретна со (претседателот на Ферари) Џон Елкан. Мислам дека тие разговори беа сериозни… Тоа беше околу трката во Монако (во мај)“, рече Хорнер.
На крајот на август Хамилтон (38) го продолжи договорот со Мерцедес до 2025 година. Тој според новиот договор треба да заработи 100 милиони фунти за две сезони.
„Секако дека имало разговори, можеби и со Васер. Но Елкан секако имало. Не можам да ги видам Макс и Луис како работат заедно. Динамиката не би била добра. Ние сме 100 отсто задоволни од тоа што го имаме”, изјави шефот на Ред Бул.
Хорнер не сакаше да открие кој во име на Хамилтон контактирал со него.
„Дејли мејл“, шпекулира дека тоа би моќел да биде таткото на возачот Ентони или менаџерката, Пени Тау.
Хамилтон е член на Мерцедес од 2013 година, а во кариерата освои седум титули во Формула 1 шампионатот.