Се огласи и таткото на Даку: Мојот син не го заслужува ова

91493_profimedia-0883166315_f-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, со своето однесување по средбата меѓу Хрватска и Албанија крена голема бура во Македонија и Србија поради недоличното однесување, кога во рацете зема мегафон и ја поведе топлпата да ги пцуе граѓаните на двете држави.

УЕФА покрена дисциплинска постапка поради извиците на навивачите на драматичниот натпревар меѓу Хрватска и Албанија, но и поради недоличното однесување на Мирлинд Даку.

Поради ова му се заканува забрана за играње на неколку натпревари, но речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот против Шпанија во последното коло од групата Б на Европското првенство.

Неговиот татко Фехми Даку го правдаше синот:

„Како што пишуваат медиумите, мојот син не кажал такви работи. Мирлинд е само емотивна и експлозивна личност. Тоа го направил ненамерно и веќе побарал прошка од оние кои биле повредени поради тоа. Ќе ни биде многу тешко ако Мирлинд биде дисквалификуван, но не верувам дека тоа ќе се случи.

Стопроцентно е погрешно да се повикува на убивање Срби! Знаете каква поддршка има Мирлинд во Хрватска, Словенија, а сега и во Русија. На сите им е познато неговото однесување како фудбалер. Мојот син е многу добар, но ова му е прво учество на ЕП, па го понесоа емоциите. Мислам дека не заслужува да биде суспендиран од турнирот. Веќе им се извини на сите“, изјави за руските медиуми таткото на албанскиот фудбалер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK