Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт сака да го продолжи договорот со Фудбалската асоцијација (ФА) до крајот на Светското првенство во 2026 година, пренесува британски „Сан“.
Саутгејт ги известил челниците на ФА дека сака да остане селектор најмалку уште две години.
Британските медиуми пренесуваат дека ФА по претстојното Европско првенство во Германија ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот со Саутгејт. Тој има договор со ФА до крајот на оваа година.
Некои британски медиуми објавија дека Саутгејт би можел да го преземе Манчестер јунајтед на крајот од сезоната, но селекторот на Англија во моментов не размислува за понуди од заинтересирани клубови.
Тој е селектор на Англија од 2016 година.