Саудиски правила: Богатство за Златната топка и брејк од 167 поени

3920422-79641208-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никој од осумте најдобри снукер играчи во светот не помисли да ја одбие поканата за првиот гала-турнир во Ријад, Светскиот мастерс, каде ќе бидат претставени новите „саудиски правила“ на играта.


Екстравагантните организатори на турнирот решија засекогаш да го сменат снукерот со воведување на златната топка.

Златната топка ќе биде поставена во центарот на зоната „болк“, зад кафената топка и нема да се игра со неа освен ако играчот не постигне максимален брејк од 147 поени.

Тогаш ќе има предвид дека може буквално да ја удвои заработката за цела сезона, доколку по последната црна топка ја уфрли и златната на спротивната страна од масата.

Формално ќе вреди 20 поени, па така новиот „саудиски максимум“ ќе биде 167 поени, но тоа е помалку важна информација од премијата што го чека секој играч кој ќе стигне до златната топка и ќе успее да ја смести во дупката.

Секој што ќе направи „златен брејк“ ќе добие чек на 460.000 евра.

За споредба, Џад Трамп, кој ја предводи едногодишната листа, оваа сезона од премии на сите турнири заработил 631.000 евра.

Само Рони О’Саливен заработи повеќе од 460.000 евра во сезоната 2023/24.

Златната топка ќе биде отстранета од масата во моментот кога ќе се изгуби можноста за максимален брејк. Дотогаш на масата ќе стои топката вредна речиси половина милион евра.

Тоа не е се кога се парите во прашање. Титулата на Светскиот мастерс во главниот град на Саудиска Арабија ќе биде наградена со 583.000 евра.

О’Саливен, кој сезонава ги освои двата најпрестижни турнири досега, шампионатот на Велика Британија и Мастерсот, заработи 492.000 евра.

На Светскиот мастерс, покрај Трамп и О’Саливен, ќе учествуваат и Марк Ален, Лука Бресел, Марк Селби, Шон Марфи, Марк Вилијамс, Али Картер и двајца кои ќе добијат специјална покана.

Натпреварот започнува во понеделник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK