Саудијците градат стадион за СП на карпа висока 200 метри

Саудијците-градат-стадион-за-СП-на-карпа-висока-200-метри.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Саудиска Арабија почнува да гради високотехнолошки стадион на врвот на карпа висока 200 метри над Ријад. Стадионот ќе биде изграден за потребите на Светското првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во оваа блискоисточна земја. Стадионот ќе има капацитет од 45.000 седишта и ќе го носи името на принцот Мохамед бин Салман.

Денеска беше претставен концептот на овој стадион. Инвестициската компанија Кидија, која е задолжена за изградба на стадионот, нагласува дека објектот ќе има покрив и терен што ќе се повлекува по потреба и сто метри ЛЕД ѕид. ЛЕД ѕидот е дизајниран да отвори поглед на градот под стадионот.

Инвестициската компанија Кидија (QIC) е во целосна сопственост на Саудиска Арабија, односно Фондот за јавни инвестиции управуван од принцот Бин Салман.

Истиот фонд е сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK