Сари меѓу кандидатите за тренер на Болоња

Sarri-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маурицио Сари е кандидат за тренер на Болоња, доколку Тиаго Мота го напушти клубот на крајот од сезоната, објавија италијанските медиуми.


Договорот на Мота истекува на крајот на јуни, а најголем интерес за него покажува Јувентус.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, бројни извори тврдат дека Јувентус е сериозно заинтересиран, но и дека Мота се уште не разговарал со челниците на Болоња која сака да го задржи тренерот кој успеа со тимот да избори пласман Лигата на шампионите.

Според овој извор, Болоња има четворица кандидати за тренер доколку Мота замине, а најсериозен е Маурицио Сари.

Сари неодамна замина од Лацио и со задоволство би работел во тим со напаѓачки менталитет воведен од Мота, но би бил привлечен и со учество во Лигата на шампионите.

Меѓу кандидатите се и Еузебио ди Франческо, Рафаеле Паладино и Винченцо Италијано.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK