Мохамед Салах, синоќа во убедливата победа над Спарта Прага (6:1), во Лига Европа, влезе во историјата на Ливерпул.
Клубот од „Енфилд“ во својата историјат имал поголеми играчи Салах, од „Кралот Кени“ Далглиш, преку Ијан Раш до Стивен Џерард, но никој никогаш не успеал да постигне 20 или повеќе голови во седум последователни сезони во сите натпреварувања.
Неверојатниот Египќанец синоќа стана првиот играч во историјата на „Црвените“ кој го сторил тоа. Тој претходно го делеше рекордот со Раш, кој 20+ голови постигнуваше во периодот сезоните 1981/82 до 1986/87 пред да се пресели во Јувентус во летото 1987 година.
Легендарниот Велшанец по една година се врати во Ливерпул и продолжи да постигнува голови, тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот со вкупно 346 голови.
Салах моментално е петти на вечната листа со 206, но до таа бројка стигна откако одигра многу помалку натпревари (336) од Раш (660).
The first player in our history to score 20+ goals in all competitions for seven successive seasons 🤯👑 pic.twitter.com/5y9RAT8SIB
— Liverpool FC (@LFC) March 14, 2024