Египетскиот фудбалер и напаѓач на Ливерпул Мохамед Салах започна со рехабилитација на тетивата и изјави дека ќе направи „се што е во негова моќ“ за да му се придружи на Египет на Африканскиот куп на нации.
Салах се врати во Ливерпул во средата на лекување од повредата што ја заработи при ремито на Египет со Гана (2-2) пред една недела.
„Вчера започнав програма за лекување и рехабилитација и ќе направам се за што побрзо да бидам подготвен и да се вратам во репрезентацијата како што беше договорено од почетокот“, напиша Салах на социјалните мрежи.
Седумкратниот шампион на Африка, Египет со три бода се пласираше во осминафиналето, а во првиот меч од нокаут фазата в недела ќе се сретне со Конго.