„Салах не сакаше, Ливерпул го натера да се врати во Англија“

„Салах-не-сакаше-Ливерпул-го-натера-да-се-врати-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Египет и без Мохамед Салах успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата на Африканскиот куп (КАН). Египет во групата со Мозамбик, Гана и Зеленортките острови, три пат одигра нерешено и од третата позиција на „мускули“ се пласира понатаму.


Салах се повреди против Гана во второто коло. Прогнозите се дека ќе паузира неколку недели, поради што Ливерпул побара тој да се врати на „Енфилд“, каде клупските лекари ќе ја следат неговата состојба.

Доколку успее да закрепне, а Египет се уште е на турнирот, Салах ќе се врати да им помогне на соиграчите.

Од египетскиот национален тим им се налутија на луѓето од Ливерпул, тие тврдат дека Салах сакал да остане со соиграчите и дека бил тажен што морал да замине.

По тој повод се огласи и Абу Ел-Ела, главен лекар на египетската репрезентација.

„Салах не сакаше да се врати во Англија и да го напушти египетскиот тим. Доживеа стрес кога Ливерпул му кажа дека мора да се врати. Ова е удар за нас и големо непочитување”, изјави Ел-Ела и додаде.

„И ние сме лекари и знаеме како да лекуваме, нема тие да не учат како да си ја работиме работата. Јирген побара Мохамед да се врати, но тој не сакаше да остане затоа не сакаше да ги напушти соиграчите.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK