Руди Фернандес оди во пензија

0711130917_1200.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Легендарниот шпански кошаркар Руди Фернандес во четвртокот објави дека на крајот од оваа сезона ќе стави крај на кариерата.

Ова им го соопшти на новинарите на прес конференцијата пред натпреварот на Реал против Басконија од Евролигата (петок, 20:30 часот).

Иако не го кажа зборот „пензија“, според зборовите на Руди, јасно е дека оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера.

„Јас сум стар и полека почнувам да размислувам за други работи, за семејството пред се. Имам уште неколку месеци и се надевам дека ќе придонесам за играта на тимот. Се чувствувам сакано и ова е крајот, но имам уште неколку месеци да уживам со моите соиграчи“, изјави Руди.

Фернандес ја започна својата кариера во Хувентуд во 2002 година.

Од 2012 година континуирано го носи дресот на Реал Мадрид со кој освои се што можеше да се освои. Со Шпанија беше светски и европски првак, но покрај Дрим-тимот не успеа да освои и олимписко злато.

Три сезони (2008-2011) го носеше дресот на Портланд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK