Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се сомнева во кредибилитетот на „Златната топка“ и наградата на ФИФА.
Актуелен сопственик на двете од овие престижни награди е неговиот најголем ривал Лионел Меси со кого на големата сцена се бореше речиси две децении.
И двајцата полека излегуваат од сцената, Роналдо игра за Ал Наср, додека Меси е член на Интер Мајами.
„Златната топка и наградата на ФИФА го загубија кредибилитетот“, изјави Роналдо за „Рекорд“ и додаде: „Не ги гледав церемониите. Не значи дека Меси не го заслужи тоа. Или Халанд, па дури и Мбапе. Едноставно повеќе не верувам во награди. фактите, бројките се таму и бројките не лажат. Ова мене никој не може да ми го одземе“.
Да потсетиме, Меси освои осум „Златни топки“ наспроти петте на Роналдо, додека Меси трипати ја доби наградата на ФИФА, а има една повеќе од Португалецот.