Фудбалскиот свет падна во „несвест“ поради играта на Лионел Меси против Алжир. Меси постигна хет-трик и сруши еден куп рекорди, неколку дена пред 390от роденден.
Еден од оние што јавно го искажаа својот ставе е легендарниот Бразилец, Роналдо.
„Рекордите постојат за да бидат срушени, а човекот што ги собори не изненади никого во светот на фудбалот. Освен тоа, Аргентина е актуелен светски шампион“, започна Роналдо и дополни.
„Секој пат кога Меси ќе стапне на теренот, сè станува историско и елегантно. Време е светот да престане да се крие од фактот и да прифати дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња. Тој продолжува да игра феноменално од сезона во сезона, дури и на Светското првенство, и сè уште има луѓе што се сомневаат во него. Ова беше незаборавна, историска ноќ што ќе остане запишана во историјата на фудбалот засекогаш“, рече „оригиналниот“ Роналдо.
Foto/ Depositphotos