Рома лошо влезе во сезоната, Мурињо има сосема очекувано оправдување

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рома е во криза, голема криза. Убедливиот пораз од Џенова во шестото коло од Серија А (4:1) е само уште една шлаканица за Жозе Мурињо и неговите фудбалери.


Тимот од италијанската престолнина го забележа најлошиот старт на сезоната во историјата со само пет освоени бода во првите шест натпревари. Исто така ова е најлошиот старт во сезоната и за тренерот Мурињо.

„Вистина е, ова е најлошиот почеток на сезоната за Рома и за мене како тренер“, рече Мурињо и продолжи:

„Но, исто така е точно дека Рома никогаш во својата историја немала можност да игра во две последователни европски финалиња“, не ја пропушти можноста да поентира предводникот на Рома.

Сепак три порази во првите шест кола и само пет освоени бода го вклучија алармот на „Олимпико“.

Можност да го поправи впечатокот, Рома ќе има викендов кога на „Олимпико“ ќе го пречека Фросиноне.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK