Рома го откупи договорот на Мален


depositphotos_867241364_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандскиот фудбалер Дониел Мален официјално стана „постојан“ член на Рома, која го откупи од Астон Вила за 25 милиони евра.


Рома имаше обврска да купи – според условите на позајмицата, која беше реализирана во јануари, доколку избори пласман во Лигата на шампионите, а ќе важеше и за Лига Европа,

„Волчицата“ претходно му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за позајмица. Мален одигра 20 натпревари за тимот на Џанпјеро Гасперини, со учинок од 15 гола и две асистенции, тпо го прави најдобро зимско засилување во историјата на Серија А.

Тој потпиша четиригодишен договор до 2030 година и беше официјално претставен.

Професионалната кариерата, Мален ја започна во ПСВ, каде што постигна 40 гола на 81 натпревар во сите натпреварувања. Таму остана од 2018 до 2021 година, а потоа се пресели во Дортмунд.

Тој помина четири сезони во дресот на Борусија и постигна 30 гола во 94 натпревари во жолтиот дрес. Преселбата во Премиер лигата не се покажа како добар избор, стагнираше кај Унаи Емери во Астон Вила, поради што ја прифати понудата од Рома, каде што екслподира во пролетниот дел од сезоната.

27-годишникот одигра 51 натпревар за холандската репрезентација и постигна 13 гола за националниот тим.

Холандија ќе игра во групата Ф со Јапонија, Шведска и Тунис на претстојното Светско првенство.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK