Родри: Ние страдаме од густиот распоред

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВП на последното Европско првенство, фудбалерот на Манчестер сити, Родри, се осврна на зголемувањето на обемот на работа на фудбалерите, а не ја исклучи можноста тој и неговите колеги да преземат радикални мерки.



Елитните клубови се соочуваат со повеќе натпревари од кога било, пред се поради новиот формат на Лигата на шампионите, но и проширувањето на различни натпреварувања како што е Светското клупско првенство, кое е проширено со 32 тима од следното лето, а тимот на Пеп Гвардиола ќе учествува на ова натпреварување.

На прашањето дали играчите размислуваат за можен штрајк поради промени во календарот, 28-годишникот одговори:

„Мислам дека сме блиску до тоа. Ако вака продолжи, нема да имаме многу избор. Тоа навистина не загрижува. Ние сме тие кои страдаме“, потенцираше Родри на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Интер.

Поранешниот играч на Виљареал и Атлетико Мадрид уверува дека има консензус меѓу играчите во врска со промените.

„Лесно е да се прифати дека тоа е општ став. Ако прашате кој било играч, ќе ви го дадат истиот одговор“, тврди Родри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK