Робев: Во Талин ќе одиме ослабени, но верувам дека на крајот ќе поминеме добро

robev_345354453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Робев се надева на добри настапи и резултати на претквалификациски турнир за пласман на Олимпијадата во Париз 2024 година.

 


– Сите што сме тука сме дојдени да го дадеме својот максимум. Факт е дека имаме доста ослабен ростер, дека многу играчи се повредени. Но се надевам дека ќе се прикажеме во едно добро издание. Не е лесно да се влезе во оној „работен ритам“ особено ако се знае дека зад најголем дел од играчите, не само во нашиот национален тим, се скоро два месеци паузирање, односно одмор по напорите кои со себе ги донесе ланската сезона. Сепак, ние сме заедно подолго време, две-три години во оваа екипа. Добро се познаваме, доволно за да се воиграме. Во Талин нема фаворити помеѓу овие репрезентации, оттука мислам дека ќе имаме шанси да се натпреваруваме, да бидеме „пата-пата“ со сите. И дека на крајот ќе поминеме добро, изјави Робев за веб-страницата на КФСМ.

 

Турнирот во Талин ќе с еигра од 12 – 15 август. Во групата со македонската репрезентација се и селекциите на домаќинот Естонија, Израел и Чешка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK