Регилон се врати во Тотенхем

Регилон-се-врати-во-Тотенхем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Серхио Регилон се врати во Тотенхем, откако првиот дел од сезоната го мина на позајмица во Манчестер јунајтед.

Шпанскиот лев бек му се приклучи на Јунајтед на позајмица до крајот, но клубот од „Олд Трафорд“ реши да ја искористи клаузулата во неговиот договор и да го врати предвреме во Тотенхем.

„Со помалку натпревари во вториот дел од сезоната и враќање на играчите кои беа повредени, ќе има помалку можности со Серхио. Одлучивме дека најдобро за сите е Регилон да се врати во Тотенхем“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

Шпанецот беше ангажиран како замена за повредените Лук Шо и Тајрел Маласија, а за Јунајтед одигра 12 натпревари во сите натпреварувања.

Шо се рехабилитираше од повредата, а Маласија е блиску до враќање на терените.

Манчестер јунајтед е од Лигата на шампионите и Лига Купот, што значи дека Ерик тен Хаг нема да има потреба од широк ростер во вториот дел од сезоната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK