Реал се пофалија со комплетирање на новиот подвижен покрив на „Сантијаго Бернабеу“

F4yjIsaXAAAKI69.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид се подготвуваат за својот прв домашен меч оваа сезона, пречекувајќи го градскиот ривал Хетафе, во меч кој ќе има посебно значење за клубот, бидејќи новиот подвижен покрив, на кој се работеше последните пет години ќе биде комплетиран пред мечот во сабота.


Новиот покрив ќе се затвара според временските услови, а посебно ќе биде користен кога ќе врне дожд, а за целосно затворање ќе бидат потребни 35 минути. Покривот нема да се користи кога ќе врне снег и кога температурите ќе бидат над 40 степени – од тежината на снегот може да се случи кршење, додека кога е многу топло може да дојде до прегревање внатре во стадионот.

Според „Марка“, ќе има и подвижна покривка за тревата на теренот, бидејќи проблемите со состојбата на теренот беа впечатливи минатата сезона, кога дури пет пати беше целосно сменета тревата.

Целосната промоција на новиот изглед на стадионот, ќе почека, бидејќи е закажана за крајот на годината бидејќи уште се работи на уредување на околината. При крајот на сезоната исто така ќе биде поставен и висечки екран со 360 степени прегледност, налик на тие кои се на НФЛ стадионите во САД.

Ако нема дополнителни пречки, „Бернабеу“ ќе биде комплетиран 18 месеци по предвидениот рок и со дополнителен трошок од 400 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK