Арда Гуле во летниот преоден рок ги скара големите ривали Барселона и Реал Мадрид. Во летниот преоден рок Барселона го договри неговиот трансфер, на крајот Фенербахче се договори со Реал кој понуди повеќе пари за 18. годишниот фудбалер.
Гуле во Реал беше најавен како идна голема ѕвезда, меѓутоа се повреди на почетокот на подготвителниот период, поради што клубот не го регистрираше за настапите во Лигата на шампионите.
Неодамна се рехабилитираше од повредата, требаше да биде во конкуренција за место во тимот кој во средата го победи Лас Палмас, меѓутоа повторно се повреди.
Покрај сознанието дека повторно ќе отсуствува, Гулер дозна уште една вест која нема да му се допадне. Според шпанските медиуми, Карло Анчелоти им порачал на клупските челници, дека Гулер не му е потребен оваа сеозна и им препорачал во јануарскиот преоден рок да го испратат на позајмица.
Целта на Анчелоти е 18. годишникот да замине во тим каде што ќе има можност да игра редовно.