Реал донесе одлука која нема да му се допадне на Мбапе

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид информираше неколку национални Сојузи, вклучувајќи го и Фудбалскиот сојуз на Франција, дека нема да ги пушти своите играчи за Олимпијадата во Париз, што дополнително го компромитира учеството на Килијан Мбапе, кој се очекува да му се приклучи на шпанскиот клуб ова лето, тврди „Лекип“.


Капитенот на француската репрезентација во неколку наврати стави до знаење дека сонува да се натпреварува на Олимписките игри во Париз. Според правилата секоја екипа може да има тројца играчи над границата од 23 години. Но, бидејќи ФИФА не учествува во организација на фудбалскиот турнир на ОИ, клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи.

„Реал испрати писмо до сите Сојузи, вклучително и францускиот да им каже дека нема да им дозволи на своите играчи да настапат на Олимпијадата“, изјави извор за Франс прес.

Ова писмо е многу лоша вест за Килијан Мбапе, кој пред неколку недели им соопшти на челниците на ПСЖ дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот и летово ќе потпише за Реал Мадрид.

Тренерот на Франциај, Дидие Дешамп, испрашуван за случајот на Мбапе, веќе во четвртокот оцени дека „многу е тешко да се комбинираат две натпреварувања“ како што се Олимписките игри во ЕП.

Тренерот на францускиот олимписки тим, Тиери Анри, од своја страна објасни дека одлуката да се покани Мбапе на Олимписките игри или не е „во рацете на клубот, а не на фудбалерот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK