Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови за новата сезона со 26-годишниот десен бек Стефан Трпчевски, соопшти попладнево битолскиот клуб.
Трпчевски потекнува од школата на битолски Еурофарм Пелистер и се враќа во клубот по неколку интернационални искуства.
Во изминатите неколку сезони Трпчевски настапуваше за шпански Бургос, фински Бк-46, израелски Хапоел Кирјат Оно и грчкиот клуб Фаикса Корфу.
Трпчевски во македонскиот ракомет ги носеше дресовите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.