Рајо Ваљекано експресно го назначи наследникот на Франциско Родригез кој вчера доби отказ поради серијата лоши резултати. До крајот на сезоната, тимот чии гол го брани Столе Димитиревски, ќе го предводи Ињиго Перез. За тренерот од Баскија ова ќе биде прва самостојна работа.
Ињиго Перез кариерата која ја започна во Атлетик Билбао, а потоа играше во Уеска, Мајорка, Нумансија и Осасуна ја заврши во 2022 година.
Сезната а започна како еден од помошниците во стручниот штаб на Франциско Родригез. Клупските челници решија нему да му го доверат тимот, со кој треба да избори опстанок во лигата.
Рајо Ваљекано досега освои 24 поени во исто толку натпревари во Примера и се наоѓа на 14. место.
Перез ќе дебитира на клупата во недела, кога Рајо Ваљекано ќе го пречека Реал Мадрид.