Радивојевиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

1717675056501_44492.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ и наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер.


Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.

Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Флензбург, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK