Извлечени се осминафиналните двојки во Купот на Македонија. Дербито во оваа фаза ќе го одиграат Работнички и Шкендија.
Бранителот на трофејот Македонија ЃП за противник го доби нашиот најтрофеен клуб, Вардар. Интересен дуел треба да биде и оној во кој ќе се сретнат тимовите од охродското крајбрежје, Воска и Струга Трум Лум.
Куп на Македонија осминафинални двојки:
Работнички – Шкендија
Вардар – Македонија Ѓ.П
Брегалница – Јанг Тим
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Брера – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска – Струга
Осминафиналните натпревари ќе се одиграат на 25 октомври.
Фото/ Игор Паневски