Европската фудбалска унија (УЕФА), го казни Пари Сен Жермен со 98.000 евра поради серијата инциденти на натпреварот против Милан во Лигата на шампионите.
Пари Сен Жермен го победи Милан со 3:0 во натпреварот на 25 октомври на „Паркот на принцовите“, а УЕФА објави дека клубот е казнет со 75.000 евра за димни бомби на трибините, 18.000 евра за блокирање на скалите на трибините и 5.000 евра и поради влегувањето на навивачите на теренот.
Во одлуката на УЕФА на 9 ноември, се наведува дека стадионот на Пари Сен Жермен ќе биде делумно затворен за следниот натпревар во европските натпреварувања, но таа казна е условна за период од две годони.
Милан е казнет со 20.000 евра поради нереди меѓу своите навивачи и уште 3.000 за димни бомби.