ПСЖ подготвил нестварен договор за Мбапе

ПСЖ-подготвил-нестварен-договор-за-Мбапе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Договорот на Килијан Мбапе (25) со ПСЖ испекува на крајот од сезоната, што значи дека сега му е дозволено да преговара со потенцијален нов клуб. Француската суперѕвезда минатата година беше на прагот да се пресели во Реал Мадрид, но во последен момнт ја смени одлуката и остана во Париз.

Со првиот ден на новата година започна и новата епизода од сагата околу неговиот трансфер. Наводно, Реал му поставил ултиматум до 15 јануари да се изјасни каде ќе ја продолжи кариерата. Шпанските медиуми тврдат дека во Реал ја чекаат одлуката на Мбапе за да му ја презентираат понудата.

Од друга страна новинарот на Радио Монте Карло (РМЦ), Даниел Риоло, тврди дека ПСЖ подготвиле понуда на која ниту еден клуб не може да и парира.

Риоло тврди дека ПСЖ ќе му понуди на Мбапе годишна плата од над 100 милиони евра. Според „Каполоџи“, неофицијален извор на платите на фудбалерите, Мбапе моментално заработува 72 милиони евра годишно.

Најплатен фудбалер во светот е Кристијано Роналдо (38), кој во Ал Наср добива 200 милиони евра годишно.

„ПСЖ подготви понуда која не може да се спореди со ништо. Ќе му понудат договор без преседан, нешто неверојатно, над 100 милиони евра по сезона. Значи понуда на која ниту еден друг клуб не може да и парира. Во договорот ќе има придобивки за братот, семејството, сите…

Од една страна ќе има понуда како од антички Рим, античка Грција или египетските пирамиди. Од друга страна го имаме она што е нормално од Реал, а тоа е договор вреден 30 милиони евра годишно, можеби и малку повеќе. Ова е нормална плата за фудбалерите. На хартија има разлика меѓу двете понуди каква што никогаш не сме виделе. Неверојатно е што се може да му понуди ПСЖ на Мбапе“, рече Риоло.

Мбапе постигна 26 гола на 25 натпревари оваа сезона и додаде четири асистенции. Од потписот за ПСЖ во 2017 година, тој одигра 285 натпревари, постигна 238 гола и забележа 102 асистенции.

„Трансфермаркт“, го проценува на 180 милиони евра, со Џуд Белингем и Ерлинг Халанд го дели статусот на највреден фудбалер на светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK