Првото клупско СП со 32 клуба ќе се игра во САД

Првото-клупско-СП-со-32-клуба-ќе-се-игра-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првото Светско клупско првенство на ФИФА во новиот формат, со 32 екипи, ќе се игра од 15 јуни до 13 јули 2025 година, во Соединетите Американски Држави, потврди во неделата Меѓународната фудбалска федерација.


На турнирот ќе учествуваат клубови од сите шест конфедерации, а 12 од 32 екипи ќе бидат од Европа.

Она што засега е познато е дека Челзи, Реал Мадрид и Манчестер сити на турнирот ќе играат како клубови кои беа шампиони на Европа во изминатите четири години.

Директен пласман преку коефициентот имаат и Баерн, Пари Сен Жермен, Интер, Порто и Бенфика.

Како што потврди првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, летниот термин е избран за да се вклопи во меѓународниот календар и да им се даде доволно време на играчите за одмор пред почетокот на сезоните во националните првенства.

Од ФИФПро, Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери, стојат на ставот дека одлуката за ваков турнир и датумот на кој ќе се игра е само дополнителен показател дека ФИФА не се гриѓи за фудбалерите.

ФИФА најави и ново Куп натпреварување во кое победникот на Лигата на шампионите во декември следната година ќе се сретне со тимот што ќе стигне до тој меч преку меѓународниот плеј-оф.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK