Прво полуфинале на СП – Франција против Шпанија


depositphotos_731168264_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалските репрезентации на Франција и Шпанија, вечерва ќе се сретнат во првото полуфинале на 23-то Светско првенство.


Актуелниот европски првак Шпанија и најголемиот фаворит за трофејот, Франција, ќе се сретнат на стадионот во Далас. Ќе биде ова „финале пред финалето“, дуел на две селекции со огромен индивидуален квалитет, дуел на репрезентации чија вредност се проценува на речиси 2,8 милијарди евра.

Французите го бркаат своето трето последовно мундијалско финале, беа шампиони во Русија 2018, втори пред четири години во Катар. Франција досега четири пати играла финале, има две титули, Шпанија само еднаш го играла завршниот меч, кога во 2010 во Јужна Африка го освои трофејот.

„Триколорите“ не инсистираат на поголем посед, сегмент во играта на кој инсистираат Шпанците. Французите се најопасни во брзата транзиција, која произлегува од цврстата игра во средниот ред и одбраната.

Ма сите им е јасно дека најголемата опасност за Шпанија и голот на Унаи Симон, доаѓа од Мбапе, Дембеле, Олисе…

Шпанците трпеливо ги градат нападите, ритамот го контролираат Родри и Педри, а нападот го предводи Ламин Јамал.

Колку се успешни во сето ова, покажува серијата од 36 натпревари без пораз, не сметајќи ги епилозите од пенал рулетот, или поточно еден таков. Во тој период, тие успеаја да ја освојат европската титула, пред две лета, како и да го освојат трофејот од Лигата на нации во 2022/23. На сегашниот состав му недостасува само мундијалски трофеј.

Натпреварот во Далас ќе започне во 21 часот.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK