Победник на трката во супер-џи што се одржа во петокот во рамките на Светскиот куп во Вал Гардена, Италија, е Австриецот Винсент Крихмајр.
Крихмајр победи со време 1:28.39 минути. Овој резултат беше за само 0.02 секунди подобар од оној на сонародникот на Кирхмајр, Даниел Хеметсбергер.
На третото скалило на подиумот се најде швајцарскиот скијач Марко Одермат, кој пред неколку дена беше прогласен за најдобар спортист на годината во својата татковина.
Одермат ја заврши трката за 1:28.42 минути, односно имаше послаб резултат од победникот за само 0.03 секунди.
Во генералниот пласман Одермат е прв со 220 бодови, пред Марко Шварц кој има 205.