Просинечки го состави својот идеален тим

Просинечки-го-состави-својот-идеален-тим.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот хрватски фудбалер Роберт Просинечки даде големо интервју за „Мондо“ и го состави иделаниот тим од фудбалери кои му биле соиграчи во текот на кариерата.


Поранешниот фудбалер на Динамо, Црвена звезда, Реал, Барселона, Овиедо, Севилја и бројни други клубови, во својот идеален тим не успеа да најде место за голманот на Реал Франциско Бујо, Пикси Стојковиќ и Дарко Панчев од Црвена звезда, Хуго Санчез и Емилио Бутрагено кои му беа соиграчи ви Реал, Пеп Гвардиола со кој ја делеше соблекувалната на Барселона и Давор Шукер.

Важно е да се нагласи дека Просинечки беше ограничен по тоа што може да вклучи само еден играч од клуб или репрезентација каде што настапуваше во идеалниот состав.

Топ 11 (4-3-3): Ведран Руње (Стандард) – Кристобал Парало (Овиедо), Фернандо Иеро (Реал), Славен Билиќ (Хрватска), Роберт Јарни (млада репрезентација на Југославија и Хрватска) – Рафа Паз (Севилја), Звонимир Бобан (Динамо), Сафет Сушиќ (Југославија) – Роналдо Назарио (Барселона), Питер Крауч (Портсмут), Дејан Савиќевиќ (Црвена звезда).

Тренер: Јохан Кројф (Барселона).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK