Пријавувањата за Халк Вело Грин се во тек, на 8ми септември во Маврово ќе се одржи традицоналната трка

halk-velo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите вљубеници во велосипедизмот сé уште имаат време да се пријават за учество во традиционалната хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин која на 8 септември ќе се одржи во Маврово. Освен можноста да поминат еден убав празничен ден во дружба и забава, ќе можат и да се натпреваруваат, а доколку бидат меѓу првите три најбрзи и да добијат некоја од наградите што ги обезбедува Халкбанк АД Скопје како организатор на трката.

Пријавувањето за учество во годинешната трка трае до 3 септември и се одвива преку www.smartrace.club, а вкупниот број учесници е ограничен и доколку предвидениот број се пополни пред наведениот рок, пријавувањето ќе биде затворено.
Котизацијата за учество во овој период изнесува 800 денари, а сите собрани средства, како и секоја година, ќе бидат наменети за пошумување.


Трката Халк Вело Грин е дел од општествено одговорните активности на Халкбанк насочени кон поттикнување и негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат преку платформата ХалкЕко. Започната во време на пандемијата, побудувајќи голем интерес кај огромен број луѓе кои го користат велосипедот за спортување, рекреација или како превозно средство, таа прерасна во традиционална трка што годинава ќе се одржи по четврти пат.

Натпреварувањето ќе биде организирано во две категории – ХОБИ и ДЕЦА (во машка и женска кокуренција), а се воведува и тимско рангирање. Во рамки на категоријата ХОБИ формирани се и подкатегории според возраста: мажи и жени од 40 до 49 години, од 50 до 59 години и над 60 години. Во категорија ДЕЦА, ќе се натпреваруваат деца од 6 до 12 години, кои ќе возат 12 километри (до Никифорово и назад) и деца од 13 до 17 години, кои ќе ја возат целата дожина на патеката, односно 22 километри во насока Бистра-Леуново-Бистра.

Исто така, постои и можност за тимско пријавување каде што услов е да има најмалку тројца натпреврувачи од кои најмалку еден од тројцата учесници да е машко или женско. При пресметка на екипното време на тимот, предвид ќе се земат времињата само на најдобрите три натпреварувачи/ки. Рангирањето ќе се изврши во една категорија (мешани екипи) и најдобрите три тима ќе бидат наградени со дипломи и трофеј.

За најдобрите велосипедисти во сите категории, Халкбанк повторно обезбеди вредни парични награди од 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ХОБИ, во машка и женска конкуренција. Во категоријата ДЕЦА, за најбрзите велосипедисти во двете подкатегории наградите изнесуваат 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди во категоријата ХОБИ ќе се исплатат на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

Платформата ХалкЕко ја претставува „зелената агенда“ на Халкбанк преку која што таа реализира и поддржува низа проекти посветени кон зачувување на природата.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK