Познат фудбалер во кома – страшна сцена во првата минута од играта

Познат-фудбалер-во-кома-–-страшна-сцена-во-првата-минута.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Бордо Алберт Елис паднал во кома откако добил удар на почетокот на натпреварот против Генган во француската Лига 2.


По само 34 секунди од почетокот на мечот, се судрија со главите Елис и Донатиен Гомис. Натпреварот беше прекинат, а на теренот н а Елис осум минути му се укажуваше помош пред да биде изнесен од теренот на носилки. Лекарите му го имобилизираа вратот и му ставија маска за кислород на теренот.

По речиси 50 минути без свест, тој е ставен во индуцирана кома за подобро да се следи неговата состојба поради тешките повреди на главата.

Неговата состојба во текот на ноќта се стабилизирала, но се уште внимателно се следи и се чекаат првите резултати.

„Мислам дека тој прво ја удри топката, а потоа јас го удрив. И јас бев зашеметен за секунда и тој се онесвести. Се надевам дека е добро”, изјави Гомис по натпреварот.

Инаку, Елис е роден во Хондурас каде играше за Олимпија, а потоа играше и за Монтереј во Мексико. Играше во МЛС за Хјустон, пред да замине во Европа преку Боависта, од каде пристигна во Бордо.

За репрезентацијата на Хондурас одигра 60 натпревари и постигна 13 голови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK