Последно коло во ЛШ – Бод му треба на Наполи за пласман во осминафиналето

Последно-коло-во-ЛШ-–-Бод-му-треба-на-Наполи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва и утре ќе се одигра последното коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите. Вечерва ќе се играат натпревари во групите А, Б, Ц и Д, додека во среда се закажани натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х.


Во пресрет на последното коло 12 тимови веќе обезбедија место во осминафиналето, некои од нив се сигурно први во своите групи. Во Топ 16 останаа уште четири слободни места.

Пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите обезбедија:

Арсенал
Баерн
Манчестер сити
Реал Мадрид
Атлетико Мадрид
Барселона
Борусија Дортмунд
Интер
Лацио
РБ Лајпциг
ПСВ
Реал Сосиедад

Група А

Баерн го обезбеди првото место во групата А, а во последното коло ќе му гостува на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“. Јунајтед мора да го победи Баерн за да се пласира во нокаут фазата, но во исто време Копенхаген и Галатасара.ј

Доколку некој од нив победи, а Јунајтед освои три бода, клубот од Манчестер ќе заврши на третото место. Може да оди и во Лига Европа ако ремизира, а Копенхаген загуби, но во тој случај ќе се гледа гол-разликата, бројот на постигнати голови и слично.

За второто место на Галатасарај му треба победа над Копенхаген. Истото важи и за Копенхаген, кој би можел да постигне сензационален подвиг во Лигата на шампионите доколку го победи турскиот гигант или ако освои бод, а Јунајтед не го победи Баерн.

Затоа, Копенхаген, Галатасарај и Јунајтед можат да завршат на сите позиции освен на првата, што значи дека на славниот клуб од Манчестер му се заканува испаѓање.

6. коло, вторник, 21:00 часот:

Копенхаген – Галатасарај
Манчестер Јунајтед – Баерн

Табела: Баерн 13, Копенхаген 5, Галатасарај 5, Ман. јунајтед 4

Група Б
Арсенал и ПСВ ги обезбедија првото и второто место во групата Б. Ленс ќе продолжи во Лига Европа доколку не загуби од Севилја, додека шпанскиот претставник мора да го совлада Ленс за да го освои третото место.

6. коло, вторник, 18:45 часот:

Ленс – Севиља
ПСВ – Арсенал

Табела: Арсенал 12, ПСВ 8, Ленс 5, Севилја 2

Група Ц

Реал Мадрид го освои првото место во групата Ц, за второто место во директен дуел ќе го решаваат Наполи и Брага. Наполи ќе остане втор доколку избегне пораз со два или повеќе гола разлика. Во спротивно Брага ќе го прескокне и ќе оди во нокаут фаза.

На Унион Берлин му треба чудесна победа над Реал и пораз на Брага за да го освои третото место.

6. коло, вторник, 21:00 часот:

Унион Берлин – Реал Мадрид
Наполи – Брага

Табела: Реал 15, Наполи 7, Брага 4, Унион Берлин 2

Група Д

Реал Сосиедад и Интер во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе го освои првото место во Д групата. Сосиедад само треба да избегне пораз, додека на Интер му треба победа. Исто така, за третото место ќе играат РБ Салцбург и Бенфика. На Бенфика и е потребна победа од два или повеќе гола за да се пласира во Лига Европа.

6. коло, вторник, 21:00 часот:

Интер – Реал Сосиедад
Салцбург – Бенфика

Табела: Интер 11, Реал Сосиедад 11, Салцбург 4, Бенфика 1

Група Е

Атлетико Мадрид мора да освои барем бод против Лацио во последното коло од групата Е за да го освои првото место. На Лацио, пак, му требаат три бода за да ја преземе лидерската позиција. Феенорд ќе остане трет, а Селтик четврти без разлика на резултатот од нивната средба.

6. коло, среда, 21 часот:

Атлетико Мадрид – Лацио
Селтик – Феенорд

Табела: Атлетико 11, Лацио 10, Феенорд 6, Селтик 1

Група Ф

Ситуацијата во групата Ф е комплицирана. Борусија Дортмунд обезбеди место во нокаут фазата, со тоа што мора да избегне пораз од ПСЖ за да остане на првото место. На „светците“ им е потребна победа за да ја преземат првата позиција. На ПСЖ би му бил доволен бод за второто место доколку Њукасл не го победи Милан, а и со пораз може да оди понатаму доколку Њукасл и Милан одиграат нерешено. Во спротивно, на шампионот на Франција му се заканува рано испаѓање од Лигата на шампионите.

Њукасл за да оди во осминафиналето мора да го победи Милан, а ПСЖ да не слави во Дортмунд. Од друга страна, на Милан му требаат три бода против Њукасл и победа на Борусија против ПСЖ за второто место.

6. коло, среда, 21 часот:

Борусија Дортмунд – ПСЖ
Њукасл – Милан

Табела: Дортмунд 10, ПСЖ 7, Њукасл 5, Милан 5

Група Г

Во групата Г се е јасно. Бранителот на титулата, Манчестер сити ќе остане прв, Лајпциг втор, Јанг Бојс од третата позиција оди во Лигата на Европа, додека Црвена звезда е елиминирана од европските натпреварувања.

6. коло, среда, 18:45 часот:

Црвена звезда – Манчестер Сити
РБ Лајпциг – Јанг Бојс

Табела: Манчестер сити 15, Лајпциг 9, Јанг Бојс 4, Црвена звезда 1

Група Х

Барселона сигурно ќе оди понатаму во Лигата на шампионите. Во последниот меч не смее да загуби од Ројал Антверпен за да заврши на првото место, а тоа ќе им го донесе и Шахтјор доколку не го победи Порто. Доколку Барса загуби и Шахтјор победи, првото место ќе се решава според вкупната гол-разлика, потоа вкупниот број на голови и евентуално вкупниот број постигнати голови на гостински терен.

Порто не смее да загуби од Шахтјор и тоа ќе биде доволно за да го заземе второто место. Украинците мора да го победат Порто, а можат да завршат и први ако имаат исти бодови како Барселона. Антверпен во секој случај останува последен.

6. коло, среда, 21 часот:

Порто – Шахтјор
Кралскиот Антверпен – Барселона

Табела: Барселона 12, Порто 9, Шахтјор 9, Антверпен 0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK