Портер уапсен за физички напад над својата девојка

Портер-уапсен-за-физички-напад-над-својата-девојка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарот на Хјустон рокитс, Кевин Портер јуниор е уапсен во Њујорк во понеделникот, откако неговата девојка, поранешната ВНБА кошаркарка Кајсри Гондрезик го пријави за физички напад и давење во хотел во „големото јаболко“.


23-годишниот Портер потпиша четиригодишно продолжување на договорот вреден до 82.5 милиони долари минатата сезона, но гарантирани му е само годишната плата од 15.9 милиони долари за оваа сезона.

Ова не е првпат Портер да има проблеми со однесувањето и со законот. Портер беше 30. пик на драфтот во 2019 година по една сезона на Универзитетот на Јужна Каролина, каде што беше суспендиран поради своето однесуваање. Кливленд кавс исто така го чекаа една година да се приклучи на тимот поради „лични причини“, за потоа да биде трејдуван во Рокитс во јануари 2021 година по конфликтот со тренерите во Кавс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK