Порака испратена до Ливерпул и Баерн: Алонсо ќе остане во Леверкузен

Порака-испратена-до-Ливерпул-и-Баерн-Алонсо-ќе-остане-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чаби Алонсо оваа сезона бележи чудесни резултати со Баер Леверкузен. Неговиот тим е на добра пат да ја освои титулата во Бундеслигата, а има шанси да се бори и за трофеите во Купот на Германија и Лига Европа.


Моментално е најбараниот стручњак на пазарот, најмногу за него се распрашуваат Ливерпул и Баерн. Великаните на светскиот фудбал во наредната сезона ќе влезат со нови тренери. Клоп најави дека сигурно заминува од Ливерпул, а претпладнево дојде информацијата дека Тухел ќе го напушти Баерн.

Свесен за интересот на големите клубови, се огласи спортскиот директор на Леверкузен Симон Ролфес. Тој тврди дека Чаби Алонсо и наредната сезона ќе биде ги води „фармацевтите“.

„Сигурен сум дека Чаби останува. Тој е обврзан со договор и се чувствува добро кај нас. Има многу добар тим со перспектива за следната сезона. Секој сега има своја улога во клубот и квалитет да игра на врвно ниво. Не сме зависни од еден систем, но тој се прилагодува на играчите кои се на располагање“, изјави Ролфс.

Шпанецот е под договор до летото 2026 година. Но наводно во неговиот договор постои клаузула која му овозможува да го напушти Леверкузен, доколку го побара некој од неговите поранешни клубови: Ливерпул, Баерн или реал Мадрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK