Поради Мбапе, Реал им ги зголеми платите на Белингем и Винисиус

139d1489-96e5-4d47-ad90-1e45f6b5bb87.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид за по пет милиони евра им ги зголеми платите на Џуд Белингем и Винисиус Жуниор. Англичанецот и Бразилецот со ова покачување ие изедначија со Килијан Мбапе. Реал Мадрид се реши на ваков потег за да спречи евентуално незадоволство во соблекувалната, пишуваат шпанските медиуми.


Мбапе во Реал пристигна како слободен играч, па клубот бидејќи не мораше да потроши цело богатство за тој трансфер, му даде и голема плата. Со нето плата од 15 милиони евра беше меѓу најплатените, а сега исто толку ќе добијат и Белингем и Винисиус, па причина за љубомора во тимот меѓу тројцата не би требало да има.

Во однос на нивните перформанси, Мбапе и Винисиус одиграа по седум натпревари од стартот на сезоната. Французинот постигна пет гола, а Бразилецот три гола со четири асистенции. Играчот од средниот ред Белингем, кој минатата сезона воодушеви со 23 гола и 13 асистенции, се враќа од повредата. Досега одигра три натпревари и забележа една асистенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK