Поради хаосот на „Маракана“ ФИФА ќе му одземе бодови на Бразил?

Поради-хаосот-на-„Маракана-ФИФА-ќе-му-одземе-бодови-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


ФИФА отвори официјална истрага за настаните на „Маракана“, пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година помеѓу Бразил и Аргентина.

Светската фудбалска федерација ќе го истражи нападот на бразилската полиција врз гостинските навивачи во кој беа повредени неколкумина.

Да потсетиме, аргентинската репрезентација го совлада Бразил на гостувањето во Рио де Жанеиро со голот на Николас Отаменди, а почетокот на натпреварот доцнеше половина час поради конфликт меѓу навивачите и полицијата на трибините.

Додека ситуацијата на трибините не беше ставена под контрола, Лео Меси го повлече тимот во соблекувалната, а Емилијано Мартинез сам се обиде да ја спречи полицијата во нивниот поход кон навивачите на Аргентина.

Домашните ги пречекаа светските шампиони со надеж дека ќе ја прекинат серијата од два порази, но доживеаја ново разочарување и загубија квалификациски натпревар на домашен терен за првпат во историјата.

На лошите вести за Бразилците им нема крај. Локалниот „Глобо“, пишува дека ФИФА сигурно ќе изрече казна, прашање е само калва ќе биде казната.

Оовј извор не ја исклучува можноста на Бразил да му бидат одземени бодови. Сепак пореално е казната да биде парична и Бразил еден или неколку натпревари да игра без публика.

Доколку му бидат одземени бодови, Бразил ќе биде во тешка позиција, бидејќи по шест рунди во квалификациите има само седум бода и се наоѓа на шесттото место.

Лидер во квалификациите е Аргентина со 15 поени, следуваат Уругвај со 13, Колумбија (12), Венецуела (9), Еквадор (8), Бразил (7), Параквај (5), Чиле (5), Боливија (3), Перу (2).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK