Полицијата пронајде Ферари украдено пред 28 години

GH1bp9zXwAAhDjR.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската полиција го пронашла болидот на Ферари кој пред 28 години бил украден од поранешниот Формула 1 возач Герхард Бергер, објавија британските медиуми.


Црвеното Ферари Ф512М беше украдено во април 1995 година додека тој беше на трката за Големата награда на Сан Марино во Италија.

Полицијата соопшти дека автомобилот бил во Јапонија откако бил украден и бил вратен во Велика Британија на крајот на минатата година, објави Би-би-си.

Во истрагата покрај полицијата учествувал и самиот производител Ферари. Заедно се обидоа да го пронајдат проверувајќи многу салони за автомобили во светот.

Во јануари, Ферари ја предупреди полицијата за можноста дека се работи за украден автомобил, откако го провери моделот, кој го купил клиент во САД.

Автомобилот е пронајден, но интересно никој не е уапсен.

Пронајдениот автомобил од 350.000 фунти беше еден од двата украдени автомобили од италијанскиот производител. Вториот никогаш не е пронајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK